Во училиштата во општина Гевгелија лани вложени над 3 милиони денари за подобрување на наставата
Општина Гевгелија, заедно со училишните установи, континуирано спроведува активности и проекти за подобрување на условите за настава.
Така, минатата година во петте основни училишта и во СОУ„Јосиф Јосифовски“ за подобрување на просторните и нусловите за непречено одвивање на наставата биле вложени 3.071.899 денари или 50.000 евра. Станува збор за средства издвоени од општинскиот буџет или од блок дотациите кои ги добиваат училиштата, а кои биле наменети за тековните потреби на училиштата.
Во ООУ„Крсте Мисирков“ целосно е реновиран кабинетот за ликовно, обновени и реновирани се една училница, спортската сала и фасада на училиштето, но набавени се и нагледни средства, компјутери, телевизори, книги и други потреби за наставата. За таа цел, во ова училиште минатата година биле вложени 824.619 денари. Во ООУ„Климент Охридски“ во Миравци најголемиот дел од релизираните 738.000 денари биле наменети за оградување на училиштето, а извршена е и реконструкција на подрачното училиште во Милетково. Додека пак во ООУ„Ристо Шуклев“ за подобрување на просторните и наставните услови лани биле вложени 702.680 денари, за набавка на нагледни средства, но и за набавка на лектири во училишната биоблиотека и замена на постојните сијалични места во училниците со економични лед светилки.
Во зависност од потребите училиштата ги насочувале инвестиционите активности, па, така во Основното музичко училиште „Васо Карајанов“ лани биле набавени нагледни средства и музички инструменти, а била извршена звучна изолација и реновирање на објекти. Исто така, и во СОУ„Јосиф Јосифовски“ лани посебно внимание било посветено на набавка на на нагледни средства, компјутери, принтери, проектори и печатари, во вкупна вредност од 415.000 денари.