Одбележан празникот 8 Септември во Гевгелија
Со полагање цвеќе пред Спомен-Костурницата на паднатите борци
од НОВ во Гевгелија, денеска, беше одбележан 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија. Делегација предводена од градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, како и делегации од Советот на Општина Гевгелија, политичките партии и Сојузот на борци во Гевгелија со поклонување ја оддадоа својата почит на предците кои го дале придонесот во државнотворноста на Македонија. Имено, во знак на денешниот државен празник, на повеќе локации во градот, поставено е македонското знаме.
- Денес е голем празник, Општина Гевгелија празникот на нашата независност го дочека обоена во боите на македонското знаме, како што доликува. Независноста на Република Македонија не е обичен збор, за независноста се бореле многу генерации, а некои од нив го дале најсветото. Наша должност е постојано да се бориме на секој можен начин, независно дали сте градоначалник, дали сте доктор, дали сте професор. Само така можеме да одиме напред и само така можеме да оддадеме вистинска почит на сите оние кои живееле и твореле пред нас, но и да дадеме шанса на сите оние млади генерации кои доаѓаат после нас.
На сите мои сограѓани сакам да им го честитам денешнот празник и да им посакам добро здравје!, истакнува во честитката градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов.