Советот на Општина Гевгелија на 29 јануари ќе ја одржи првата годинешна седница
Советот на општина Гевгелија својата 22 седница, односно прва годинашна седница ќе ја одржи во вторник, на 29 јануари 2019 година.
На оваа седница најпрво ќе биде верификуван мандатот на двајцата нови членови на Советот на општината. Исто така, Советот треба да ги утврди приоритетните проекти за реализација на германскиот грант преку KFW банката. На седницата ќе се најде и Планот за вработување во општина Гевгелија во 2019 година, како и други прашања од надлежност на локалната самоуправа. Покрај ова на дневен ред на Советот на општината ќе се најде и пакетот предлог документи од ЈПКД„Комуналец“, односно програмата за работа на ова јавно претпријатие за годинава, како и предлог-одлуките за утврдување на цените на водата за пиење, за одведување на урбани води и за прочистување на отпадни води согласно мислењето на Регулаторната комисија.
На седницата, која започнува во 11 часот ќе се расправа по следниот дневен ред:
1.Предлог-Решение за верификација на мандат на новиот член на Советот на о.Гевгелија, Лазар Мешков,
2.Предлог-Решение за верификација на мандат на новиот член на Советот на о.Гевгелија, Александра Караманова,
3.Предлог-Одлука за утврдување на приоритет на проектот: "Изградба на фекална канализација, атмосферска канализација и водовод на ул. "Александар Бел" во станбена населба "Мрзенски рид"- Гевгелија",
4.Предлог-Одлука за утврдување на приоритет на проектот: "Изградба на фекална канализација, атмосферска канализација и водовод на улиците "Галилео Галилеј", "Апостол Петков" и "Павел Шатев" во станбена населба Караорман-Гевгелија",
5.Предлог-Одлука за утврдување на приоритет на проектот: "Изградба на фекална канализација, атмосферска канализација и водовод на краци од 1-8 во станбена населба Касарна-Гевгелија",
6.Предлог-Измена на Годишниот план за вработување во општина Гевгелија за 2019 година
7.Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија за 2019 година,
8.Предлог-Одлука за запирање на постапката за донесување на Детален урбанистички план за блок 7 (7.1, 7.2, 7.3, 7.4 и 7.5),
9.Предлог-Одлука за запирање на постапката за донесување на Детален урбанистички план за дел од блок 1 (1.2) и дел од блок 2 (2.1 и 2.2),
10.Предлог-Одлука за запирање на постапката за донесување на Детален урбанистички план за блок 14.4, 14.5, 15.1 и 15.2.,
11.Предлог-Одлука за запирање на постапката за донесување на Детален урбанистички план за блок 12 (12.1, 12.2, 12.3, 12.4 и 12.5),
12.Предлог-Годишен извештај за остварувањето на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер во општина Гевгелија за 2018 година,
13.Предлог-Информација за дивите депонии на подрачјето на општина Гевгелија, и начинот на третирање на отпадот,
14.Предлог-Извештај за реализацијата на Програмата за работа на Советот на општина Гевгелија за 2018 година,
15.Предлог Заклучок за отпочнување на постапка за формирање на Локален совет за јавно здравје,
16.Предлог-Заклучок за отпочнување на постапка за изработка наПрограма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести,
17.Предлог Заклучок за отпочнување на постапка за изработка Локален акционен план за животна средина,
18.Предлог-План за запишување на ученици во I (прва) година средно образование во СОУ "Јосиф Јосифовски"-Гевгелија за 2019/2020 година,
19.Предлог-Информација од НУ "Музеј"-Гевгелија за состојбата со заштитата на археолошкото богатство на подрачјето на општина Гевгелија,
20.Предлог-Информација од ЈП "Македонски шуми" - подружница ШС "Кожув"-Гевгелија за состојбата со шумскиот фонд, пошумувањето и експлоатацијата на шумите во општина Гевгелија,
21.Предлог-Информација од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Гевгелија за состојбата со социјалната заштита на населението во општина Гевгелија,
22.Предлог-Решение за разрешување на член на Училишниот одбор на ООУ "Крсте Мисирков"-Гевгелија (Борис Миленковски),
23.Предлог-Решение за именување на член на Училишниот одбор на ООУ "Крсте Мисирков"-Гевгелија (на местото на Борис Миленковски),
24.Предлог-Решение за разрешување на член на Училишниот одбор на ООУ "Крсте Мисирков"-Гевгелија (Благоја Пакетов),
25.Предлог-Решение за именување на член на Училишниот одбор на ООУ "Крсте Мисирков"-Гевгелија (на местото на Благоја Пакетов),
26.Предлог-Програма за работа на ЈПКД "Комуналец"-Гевгелија за 2019 година,
27.Предлог-Одлука за утврдување на цена за снабдување со вода за пиење на ЈПКД "Комуналец"-Гевгелија за 2019 година,
28.Предлог-Одлука за утврдување на цена за собирање и одведување урбани отпадни води на ЈПКД "Комуналец"-Гевгелија за 2019 година,
29.Предлог-Одлука за утврдување на цена за прочистување на отпадни води на ЈПКД "Комуналец"- Гевгелија за 2019 година.
30.Предлог-Информација од ЈПКД "Комуналец"-Гевгелија за хортикултурното уредување во општина Гевгелија.