Верификуван мандатот на двајца нови членови на советот на Општина Гевгелија
Советот на општина Гевгелија на вчерашната седница ги верификува мандатите на двајца нови советници
Лазар Мешков и Александра Караманова, од листата на СДСМ, кои веднаш потоа дадоа свечени изјави. До верификација на мандатите на новите советници дојде по поднесените оставки и престанокот на мандатот на двајца досегашни советници, Митко Алчинов и Снежана Тасевска, исто така, од редот на СДСМ, пред крајот на минатата година. По верификацијата на мандатите на новите советници, Советот на општината ја продолжи работата по дневниот ред, на кој се најдоа повеќе прашања.
Советот ја донесе Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија за 2019 година, а ја запре постапката за донесување на ДУП за блок 7 (7.1, 7.2, 7.3, 7.4 и 7.5), за дел од блок 1 (1.2) и дел од блок 2 (2.1 и 2.2), за блок 14.4, 14.5, 15.1 и 15.2., и за блок 12 (12.1, 12.2, 12.3, 12.4 и 12.5), со што се создадени услови за обновување на постапката согласно новите законски одредби. Советот беше информиран за Годишниот извештај за остварувањето на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер во општина Гевгелија за 2018 година, а расправаше и за дивите депонии на подрачјето на општина Гевгелија, и начинот на третирање на отпадот,
На дневен ред се најде и Предлог-Извештајот за реализацијата на Програмата за работа на Советот на општина Гевгелија за 2018 година, како и иницијативите за формирање на Локален совет за јавно здравје, за изработка наПрограма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести, и за отпочнување на постапка за изработка Локален акционен план за животна средина. Покрај ова, на дневен ред на денешната седница на Советот на општина Гевгелија се најдоа Планот за запишување на ученици во I (прва) година средно образование во СОУ "Јосиф Јосифовски"-Гевгелија за 2019/2020 година.
Исто така, Советот на 22. Седница беше информиран од НУ "Музеј"-Гевгелија за состојбата со заштитата на археолошкото богатство на подрачјето на општина Гевгелија, од ЈП "Македонски шуми" - подружница ШС "Кожув"-Гевгелија за состојбата со шумскиот фонд, пошумувањето и експлоатацијата на шумите во општина Гевгелија, како и од Меѓуопштински центар за социјална работа-Гевгелија за состојбата со социјалната заштита на населението во општина Гевгелија.
Советот расправаше и даде согласност на Програмата за работа на ЈПКД„Комуналец“ во 2019 година, донесе одлука за утврдување на цената за прочистување на отпадните води, а расправаше и за Информацијата од ЈПКД„Комуналец“ за хортикултурно уредување во општина Гевгелија.