Државната матура ќе се полага на 1 јуни
Државниот испитен центар ги објави датумите кога ќе се полага државната матура.
Екстерните испити од државната матура во јунската испитна сесија 2019 година ќе се реализираат во неколку термини, поделени според предметите. 1 јуни 2019 - англиски јазик, француски јазик, германски јазик и руски јазик. 8 јуни 2019 - македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература. 11 јуни 2019 - хемија, физика, биологија, историја, филозофија, естетика и бизнис. 13 јуни 2019 - математика. Од 17 до 28 јуни - интерни испити.