Во мирна и празнична атмосфера, голем број граѓани ја дочека Новата година на Градскиот плоштад
Голем број граѓани
од општина Гевгелија, ја дочекаа Новата година на забавата на Градскиот плоштад во Гевгелија, организирана од Општина Гевгелија. За добрата атмосфера беа задолжени локални изведувачи од Гевгелија, со изведба на песна и музика за сечиј вкус. Имено, на новогодишната забава настапија: DJ Milan, Христијан Митровски, Крџев со бенд, Филип Хаџикојчев со бенд, Оливера Станковска и „Лајв бенд“. Пристигнувањето на Новата 2023 година беше одбележано со огномет.
И оваа година, прославувањето на Новата година во општина Гевгелија помина во мирна и празнична атмосфера. Според податоците од ОВР- Гевгелија, новогодишната ноќ поминала без инциденти и нарушувања на јавниот ред и мир, додека во ЈЗУ Општата болница со проширена дејност- Гевгелија немало зголемен број интервенции од тежок карактер.