Водици 2023: Чесниот крст во рацете на Мартин Прчев
На одбележувањето
на христијанскиот празник Богојавление- Водици, 25-годишниот Мартин Прчев од Гевгелија беше најсреќниот, извлекувајќи го положениот Чесниот крст од осветените води на реката Вардар во Гевгелија. Мартин, на кого ова му беше второ фрлање, а прво со извлекување на Крстот, истакна дека големата радост ќе ја пренесе во сите христијански домови.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, му честиташе на Мартин, подарувајќи му лаптоп. Исто така, Прчев подароци доби и од фармацевската куќа „Зегин“ и спортската обложувалница „Евротип“. Честитки доби и отецот Љупчо Миланов, кој му посака најголемиот дар да му биде Божјиот благослов, добро здравје и среќа во животот.
И годинава за успешноста на манифестацијата, која ја проследија илјадници граѓани од општина Гевгелија, се погрижи Гевгелиското Архиерејско Намесништво, а во логистичката поддршка беа вклучени волонтерите од Kлубот на млади на ОО Црвен крст Гевгелија.