Со закројување на лозовите насади, одбележан празникот Св. Трифун
Свети Трифун -
Денот на лозарите и годинава во општина Гевгелија беше одбележан со повеќе манифестации и свечености на лозовите плантажи. На настанот во црквата „Св. Петка“ во Прдејци присуствуваше и градоначaлникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Во оваа црква секоја година се отслужува црковна литургија, по што следува закројување на лозјето во дворот на црквата и кршење погача.
На свеченоста присуствуваа голем број верници и гости. Градоначалникот Сарамандов, закројувајќи го лозјето заедно со отец Марјан Радински, им го честита празникот на лозарите посакувајќи им плодна година, а на сите верници здравје и бериќет.