Преку систем 48 лани пријавени 295 барања од граѓаните
На последната јавна презентација на Систем 48 часа беше соопштено
дека во текот на месец јануари биле извршени 130 интервенции на уличното, врз основа на пријавените барања од страна на граѓаните. Најголемиот број интервенции на уличното осветлување - 110 биле направени во Гевгелија, а другите во другите населени места. Инаку, во текот на јануари до Општинскиот центар за услуги биле доставени 107 барања од граѓаните, од кои 63 биле за прием кај градоначалникот на општината. Покрај ова, 21 барање биле за надомест за новороденче, 16 за потврда за точна адрса,а другите за други потреби на граѓаните.
Јавната презентација на Систем 48 од годинава се организира еднаш месечно, а на неа покрај презентацијата на пријавените и решени барања од страна на граѓаните, раководителите на општинските одделенија и сектори на ЈПКДУ„Комуналец“ даваат отчет за своето работење. Според годишниот извештај во текот на 2018 година преку Систем 48 биле пријавени 295 барања од граѓаните, од кои 193 биле решени во рок од 48 часа, а другите проследени за решавање до надлежните служби.
Најголемиот број од граѓаните - 195 се јавиле преку Систем 48 да пријават дефект на уличното осветлување. Од пријавените барања 27 биле за инспекциски надзор, 58 од работата на ЈПКД„Комуналец“, а 15 за интервенции на локалната патна мрежа.