Во Гевгелија, одбележан Светскиот ден на ПХ
На градското шеталиште
во Гевгелија, а за првпат во Македонија, се одбележа Светскиот ден на Пулмоналната хипертензија во организација на Здружението- Асоцијација за Пулмонална хипертензија „Момент Плус“- Гевгелија како член на Европската асоцијација на пациенти за ПХ. Приклучувајќи се на глобалната светска кампања со мотото: „Остани без здив“ за подигање на свеста за ПХ и укажување на потребата од рана дијагноза, третман и пронаоѓање лек, „Момент Плус“ организираше културно- уметничка и спортска програма.
Во чест на гевгеличанката Ѓургица Ќаева, но и сите други кои ја загубија борбата со оваа опака болест, но и другите настапија: „Фониа“, Наталија Данаилова, Марија, Крџе, Моки, Мартин Костадинов, Филип Ангов, Душко Лазаров, Ансамбл „Бојмија“, како и Танцовото студио „Мистик Денс“. Исто така, низ улиците во Гевгелија беше организирано и почесно трчање од 5 километри.
Настанот беше поддржан од: PHA Europe, M-PRO Sound Production, АК „7 Ноември“, Општина Гевгелија, МВР- Гевгелија, ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија.