Нова училишна химна за Патрониот празник на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци
ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци
го одбележа својот Патронен празник со свечена културно-уметничка и спортска програма. Во културно-уметничката програма учествуваа учениците од музичката и драмско-рецитаторската секција. За првпат, со изведба на училишниот хор беше промовирана химната на Училиштето, авторско дело на наставникот по музичко, Горан Лазаров и наставничката по македонски јазик, Жаклина Линкова. Исто така, беше изведена и драмата „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски. Патронот беше одбележан и со спортски игри- меѓуодделенски натпревари во фубдал и кошарка. Во знак на оддавање почит на Патронот, учениците со своите наставници положија цвеќе пред спомен-бистата на Ристо Шуклев во дворот на Училиштето.
- Денес славиме, чествуваме, го вознесуваме името на визионерот, денес пееме за нашиот Патрон, нашиот голем деец, сограѓанин, Ристо Шуклев, чие име со гордост го носи нашето училиште. Да не заборавиме за кого сме вечерва овде- за нашите потомци, нашите деца, нашите идни генерации... Затоа што нашата поддршка е несебична и безрезрвна во мигови кога се тргнува по знаење, кога се учи од грешки, кога се поучува, кога се разбира детската желба за творење, создавање, кога сонот на детето станува јаве, кога се постигнува успех. Нека ни е вековит Патрониот празник, истакна директорката на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци, Елена Kрстевска, во својата честитка по повод Патрониот празник.