Матурски танц за крај на средното образование
Матурантите
од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија симболично го означија крајот на средното образование со играње на традиционалниот матурски танц „Квадрил“ на Градскиот плоштад во Гевгелија. Подготвени од своите професори по спорт и спортски активности, пред играњето на танцот, положија свечена заклетва за ненасилство и толеранција. Матурантите беа поздравени од градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и директорката на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, Марија Танева, кои им го честитаа матурирањето и им посакаа успех во совладувањето на предизвиците и светла иднина во новите почетоци, со остварување на посакуваните желби и соништа.
Гевгелиските матуранти, во исто време, го играа „Квадрилот“ на музиката од Штраусовата опера „Лилјакот“ заедно со нивните врсници од четири града во Македонија, како и матураните од 62 града во: Босна и Херцеговина, Бугарија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Хрватска и Црна Гора.