Свечена Архиерејска Литургија по повод Спасовден
Градоначалникот на
општина Гевгелија, Андон Сарамандов, во утринските часови, присуствуваше на Свечената Aхиерејска Литургија по повод големиот христијански празник, Вознесение Христово- Спасовден. На Литургијата во манастирот „Св. Спас“, чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополит Повардарски г-дин Агатангел, во сослужение со Митрополит Кумановско-Осоговски, г-дин Григориј и епископ стобиски, г-дин Јаков.
Пред многубројните верници собрани во манастирската црква „Свети Спас“, се освети спасовденскиот колач за здравје на сите граѓани на општина Гевгелија. Имено, на овој ден, во присуство на градоначалникот Сарамандов, Намесникот на Гевгелиското Архиерејско Намесништво, протоереј Љупче Миланов, беше издигнат на највисокиот свештенички степен на служба во Црквата, во чинот на протоереј- ставрофор, на предлог на Неговото Високопреосвештенство, Митрополит Повардарски господин Агатангел, а со Одлука на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија.