Миравци и годинава е центар на малиот фудбал со Турнирот „КМФ Млади“
Миравци и
годинава е центар на одржувањето Турнир во мал фудбал „КМФ Млади“, во организација на истоименото здружение на граѓани. Со одигрувањето на натпреварите во понеделникот помеѓу екипите на „Џокер Фурка“ и „Мики Џа Гевгелија“ во јуниорска конкуренција и „Мики Џа Гевгелија“ и „Марјан Ринго Брајковци“ во сениорска конкуренција, официјално беше означен стартот на годинешниот турнир, на којшто се натпреваруваат околу 30 екипи и во двете конкуренции од различни градови во државата. И, во финалето ќе се борат за првите четири места и парични награди во висина од 100.000, 60.000, 30.000 и 10.000 денари. Ќе бидат прогласени и најдобри- голман, голгетер и играч на турнирот.
Турнирот во мал фудбал „КМФ Млади“- Миравци е поддржан од Општина Гевгелија преку Програмата за спортските активности за 2023 година. Ова е 34. по ред спортска манифестација, всушност, продолжение на Меморијалниот турнир „Тихо“- Миравци.