Гевгелија- домаќин на Симпозиум за развој на стоматологијата
Изминатиов викенд,
Гевгелија беше домаќин на Сипмозиум за развој на стоматологијата како медицинска гранка во организација на Македонското имплантолошко здружение. Пред големиот број еминентни доктори и специјалисти од областа на стоматологија, претставници на МИЗ и над 300 учесника, се обрати и ги поздрави градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов:
- Mи претставува особена чест што Општина Гевгелија е домаќин на Симпозиумот: „Денешните трендови, предизвици и иновации во денталната медицина“ и дел од соработката за негова организација. Гевгелија е град со бројни стоматолошки организаци и предводник на денталниот туризам во Македонија со докажани и искусни стоматолози кои секојдневно работат со своите пациенти и даваат огромен придонес во локалниот економски развој во општината.
Истовремено, Сарамандов изрази благодарност до сите стоматолози за нивната посветеност и работа, како и поддршка на ваквите настани кои имаат за цел афирмација и промоција на општина Гевгелија.