Зачестени пожари поради неодговорно однесување на поединци
Со покачувањето на временските темпаратури зачестија и
пожарите, предупредуваат во ТППЕ-Гевгелија. Дневно противпожарната единица интервенира по 5-6 пати за локализирање на појавените пожари. Најголемиот број од пожарите се на отворено поле, а како резултат на неодговорноста и невниманието на земјоделците и другите граѓани кои ги чистат земјоделските посеви и други површини од треви и кои ги горат. Тоа предизвикува пожари, кои зафаќаат се поголеми површини и претставуваат закана за нивно проширување.
Засега сите пожари се полализираат, а зачестеноста претставува проблем и закана од поголеми пожари и последици, нагласуваат во ТППЕ-Гевгелија. Истовремено, ги предупредуваат граѓаните и правните лица да водат сметка при расчистувањето на отворените простори и палењето на оган. Притоа, нагласуваат дека надлежните органи ќе преземаат посебни санкции против предизвикувачите на пожари, согласно на законските прописи, за спречување на ваквата појава