Јавна презентација на Систем 48
Во периодот од 1 до 28 февруари годинава преку Систем 48
часа биле пријавени 28 барања од страна на граѓаните, беше соопштено на денешната јавна презентација на Систем 48 во општина Гевгелија. Од пријавените - 123 барања веднаш се решени, а 16 се доставени за решавање до надлежните општински служби. Инаку, најголем број од пријавените барања - 20 се однесуваат на дефекти на уличното осветлување, 4 од делокругот на работење на ЈПКД„Комуналец“, 2 за инспекциски надзор и 2 барања за Одделението за комунално уредување и локалнио патишта.
На јавната презентација беше соопштено дека градежната група на ЈПКД„Комуналец“ работи на санација на уличните дупки. Во текот на наредните денови ќе бидат пополнети со асфалт сите дупки на улиците во Гевгелија.