Во сите училишта на 16 и 30 март ќе се одработува пропуштената настава во јануари
На 16 и 30 март 2019 година во сите
основни и средни училишта во Македонија ќе се одвива редовна настава. Тоа значи дека ќе се одработуваат часови според распоред за понеделник, односно за вторник. Со одработување на овие саботи ќе се надоместува пропуштената настава од 21 и 22 јануари, кога поради загадениот воздух учениците имаа продолжен распуст. Дополнувањето на Календарот за организација и работа на основните и средните училишта е објавен во Службен весник, а информацијата ја потврдија и од Министерството за образование и наука.
Иако, Гевгелија немаше проблеми со загадениот воздух, учениците во основните училишта и средноучилишниот центар во Гевгелија на 21 и 22 јануари, исто така, немаа настава. Поради што и тие мора да ги одработат овие часови оваа и последната сабота од месец март.