Минатата година се случиле 154 сообраќајки
Полициската станица од општа надлежност во Гевгелија,
изминатата, 2018 година, континуирано работеше на попречување, откривање и санкционирање на сите видови сообраќајни прекршоци, особено кај оние кои директно влијаат врз безбедноста на сообраќајот, со цел да се обезбеди уреден и безбеден сообраќај, но се работеше отежнато, поради намалениот број на униформирани полициски службеници. Ова стои во Извештајот за состојбата во јавната безбедност на подрачјето на општина Гевгелија за 2018 година, кој ќе се најде на дневен ред на претстојната 24.седница на Советот на општина Гевгелија.
Во текот на 2018 година се случиле 154 сообраќајни незгоди од кои 4 со смртни последици, 12 со тешки телесни повреди, 46 со телесни повреди и 92 со материјална штета. Како причини за случување на сообраќајните незгоди се управување на возилото со преголема брзина-32, управување под дејство на алкохол-29, непочитување на првенство на минување-13, страна и правец на движење-8, грешка на пешаци-5, превземање на дејствие - 11, неправилно пристигнување - 2, и останато - 48. Вкупно се издадени 2017 платни налози за наплата на глоба, 786 прекршочни платни налози за наплата на глоба, а во 1369 случаи се впишани негативни поени во возачка книшка.
Полициските службеници превентивно делувале со редовно контролирање на учесниците во сообраќајот и за сторените прекршоци превземаат соодветни прекршочни мерки, односно исклучување од сообраќајот на возила во 311 случаи, и возачи, во 829 случаи а привремено се одземени 272 возачки дозволи. Вкупно, во 2018 година се контролирани 14.424 возила