Изложба на Вангел Срнаков
На 29 март 2019 година, во петок, во Гевгелија
ќе биде отворена изложба на гевгелискиот сликар Вангел Срнаков, насловена како „Дуализам“. Тој пред гевгелиската ликовна јавност ќе се претстави со своите најнови дела кои претставуваат единство на контрасти. Срнаков досега има повеќе самостојни изложби, а учествувал и на групните изложби на здржението „Мултимедија центарот“, чиј иницијатор е.
Изложбата ќе биде поставена во Пионерскиот дом во Гевгелија, а отворањето е закажано за 20 часот.