Наградени ученици по солфеж
Учениците од ООМУ „Васо Карајанов“
од нашиот град освоија една прва, две втори и една трета награда, како и две пофалници на Државниот натпревар по солфеж на учениците од државните основни училишта. Натпреварот се одржа во Државниот музичко балетски училишен центар „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Емилија
Николовска во прва В категорија освои 95 бодови и со тоа ја доби Првата награда. Втора награда добија Мартин Заров и Љубица Улиш, додека трета награда освои Сања Миленковиќ. Учениците Борис Ќаев и Бобан Прошевски добија пофалници.