Отворена изложбата на стари фотографии на Курт Хилшер
Во Гевгелија синоќа беше отворена интересна изложба
на фотографии од традиционални средини и носии кои се дел од книгата "Jugoslawien" од авторот Kurt Hielscher. Овој германски фотограф во средината на 20-те години од дваесеттиот век патувал низ просторите на тогашната Југославија, правејќи книга со фотографии на пејсажи, држави и народи. На својот пат од словенските Алпи па се до границата со Бугарија, Хејлшер направил вкупно 1.200 фотографии. Од нив одбрал 191 и објаснил дека со нив се обидел да ги покаже атрактивните пејсажи, архитектурата и начинот на живеење на тогашните жители на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Неговата збирка на фотографии е објавена за прв пат во Берлин во 1926 година.
Изложбата во организација на Домот на културата во Гевгелија ја отвори в.д. директорот Весна Ристова, а свеченото отвapање беше збогатено со неколку вокални изведби на членовите на ансамблот „Македонија“.