Успешна обука за мали и средни претпријатија
Во Гевгелија се одржа уште една од обуките
кои се спроведуваат во рамки на проектот „Акцелератор на знаења за мали и средни претпријатија“. Третата обука по ред, на тема „Основни менаџерски вештини“ предизвика голем интерес кај присутните учесници. Првиот ден се разговараше за управувањето со проектниот циклус како и за вештините за дизајнирање и управување со проект, а во вториот ден се посвети внимание на комуникациските и презентациските вештини на претприемачите.
Учесниците на обуката ја истакнаа потребата од подобра комуникација помеѓу малото стопанство и образовните институции, со оглед на тоа што се потешко локалното стопанство наоѓа стручен кадар со вештини кои одговараат на потребните на стопанството. Квалитетното и соодветно образование е темел на општествениот и економскиот развој. Исто така, усогласувањето на понудата и побарувачката на пазарот на труд, е можност за намалување и на миграцијата која се повеќе го зафаќа и југоисточниот регион, истакнаа дел од учесниците на обуката.
Проектот „Акцелератор на знаења за МСП - МЕКА“ е кофинансиран од страна на Европската Унија преку ИПА 1 програмата, приоритетната област „Подобрување на капацитетите на МСП за иновации, истражување и развој, соработка помеѓу јавниот, приватниот и образовниот сектор“, а е координиран од Кабинетот на Заменик на Претседател на Влада, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори.