Отворен фестивал на германскиот филм
Синоќа во Гевгелија беше отворен Фестивалот на германскиот филм,
во организација на Домот на култура Гевгелија во Гевгелија и соработка со Германската амбасада во нашата земја. Имено, од 15 до 16 јуни годинава, во Народниот театар во Гевгелија, љубителите на седмата уметност во Гевгелија ќе можат да проследат седум филмови од новата германска продукција, односно по два филма дневно. Фестивалот го отвори претставникот од Германската амбасада, г-ѓа Катрин Фриинсфелд, кој нагласи:
--Како и секоја година, селекторите на фестивалот се обидоа да дадат разнолик пресек на современиот филм во Германија, носејќи ѝ на македонската публика драма, трагикомедија, комедија, семеен филм, детски, документарен и серија кратки филмови. Филмовите се грижливо избрани, со цел да задоволат разни вкусови и некои од нив имаат постигнато огромен успех на филмските фестивали, а еден беше и во конкуренција за Златна мечка на Берлинале.
На отворањето на фестивалот во Гевгелија беше прикажан филмот „100 Нешта (100 Dinge)“, а за време на тридневната презентација во Народниот театар во Гевгелија, денес предпладне беше прикажан филмот „Помош, ги смалив моите родители (Hilfe, ich habe meine Eltern geschrumpft)“. За вечерва е најавена премирата на филмот „Патување во Ерусалим (Reise nach Jerusalem)“, додека утре на програмата се филмовите „Тоби и тајната на нашата планета (Checker Tobi und das Geheimnis unseten)“ и „Во време на намалена светлина ( In Zeiten des abnehmenden Lichts)“. Последниот ден од фестивалот, во сабота ќе бидат прикажани филмовите „Продадената смеа (Das verkaufte Lachen)“ и „Крајот на вистината (Das End der Wahrheit)“.