Од 15-18 Мај во Гевгелија: Фестивал на германскиот филм
Домот на култура Гевгелија во Гевгелија, од 15.6.2019 до 18.6.2019 година,
ќе биде домаќин на 14 Фестивал на новиот германски филм. Фестивалот ќе го отвори претставникот од Германската амбасада, г-ѓа Катрин Фриинсфелд, во среда, на 15 мај 2019 година, во Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 20 часот. Љубителите на седмата уметност ќе може да проследат седум филмови од новата германска продукција, односно по два филма дневно.
На отворањето на фестивалот во Гевгелија ќе биде прикажан филмот „100 Нешта (100 Dinge)“, а во четврток, на 16 мај, со почеток во 11 часот „Помош, ги смалив моите родители (Hilfe, ich habe meine Eltern geschrumpft)“, а во 20 часот „Патување во Ерусалим (Reise nach Jerusalem)“. Во петок, на 17 мај во 11 часот ќе биде прикажан - „Тоби и тајната на нашата планета (Checker Tobi und das Geheimnis unseten)“, а во 20 часот - „Во време на намалена светлина ( In Zeiten des abnehmenden Lichts)“. Последниот ден од фестивалот, во сабота, на 18 мaj 2019 година 12 часот - „Продадената смеа (Das verkaufte Lachen)“, додека во 20 часот ќе биде прикажан „Крајот на вистината (Das End der Wahrheit)“.