Изложба на Љупчо Бојаров
Ликовниот уметник Љупчо Бојаров на 6 јуни 2019 година ќе излага
во Изложбениот простор на Пионерскиот дом во Гевгелија. Бојаров своето субјективно искуство го отелотворува во објективен свет и не води на патувања во времето, идно или минато. Тој не слика увертира туку ја претставува кулминацијата од едно духовно доживување сублимирајки повеќе материјали за визуелизација на своето дело. Го негува симболот како модус на изразување. Симболот чие толкување онемува.
.Делата потсетуваат на палимпсест, на волшебство на сеќавањето, на индивидуалната драма... Неговите автентични проникнувања, рефлексии суптилно раскажуваат за неговата творечка физиономија. Визуелната моќ на симболите, колорот, пастелните претопувања, различните материјали проектираат мудро обоена тишина која сведочи за авторовата приказна. Отворањето на изложбата на Љупчо Бојаров е во 20 часот.