Годишен концерт на ансамблот „Бојмија“
Во Народниот театар во Гевгелија се одржа Годишниот концерт
на ансамблот Бојмија, кој следуваше веднаш по Јубилејниот концерт со кој овој ансамбл го одбележа 15 годишно постоење. Концертот беше насловен како „Нашето оро - еден чекор кон минатото три кон иднината“ , а предизвика огромен интерес кај публиката. На овој јубилеен концерт учествуваа членовите од првата постава на ансамблот, сите поранешни членови на „Бојмија“, а настапија и неколку поранешни членови на КУД „Јосиф Јосифовски“, чии традиции, всушност ги продолжува Ансамблот „Бојмија“.
Додека пак на Годишниот концерет, кој традиционално се одржува во јуни, настапи настапи подмладокот на ансамблот Бојмија.