Изложба на Далибор Крстевски
Во четврток, 20 јуни, часот во изложбениот салон на
Пионерскиот Дом ќе биде отворена изложба на Далибор Крстевски насловена „Нишки на елегантноста 3“. На својата самостојна изложба авторот ќе се претстави со повеќе слики работени во комбинирана техника, како и неколку модни инсталации.
Далибор Крстевски е роден во Куманово, 1984 год. Дипломирал на факултетот за ликовни уметности во 2009 год.во педагошки оддел, сликарска насока, во класата на проф.Рубенс Корубин. До сега има учествувано на неколку групни изложби.Се занимава и со моден дизајн. Изложбата ќе биде отворена во 20 часот.