„Настани на елегантноста“ на Далибор Крстевски
Во изложбениот салон на Пионерскиот Дом отворена е изложба на
Далибор Крстевски насловена „Нишки на елегантноста 3“. Изложбата ја отвори м-р Мирјана Крстева Массети, која истакна дека во изработката на своите дела Крстевски инспирација добива од вештиот преплет на чипката и возвишената елеганција на нејзиниот креатор-жената, зачинети со естетска нота, декорирани со мистериозност и фантазија на нејзиниот карактер.
На својата самостојна изложба бо Гевгелија авторот се претстави со повеќе слики работени во комбинирана техника, како и неколку модни инсталации. Далибор Крстевски е роден во Куманово, 1984 год. Дипломирал на факултетот за ликовни уметности во 2009 год.во педагошки оддел, сликарска насока, во класата на проф.Рубенс Корубин. До сега има учествувано на неколку групни изложби.Се занимава и со моден дизајн.