Бесплатна обука за прва помош
Општинската организација на Црвен крст во Гевгелија започнува
со организирањето на бесплатни обуки за прва помош, во рамките на акцијата на Црвениот крст на Република Македонија. Кампањата под мотото „Твоето незнаење чини живот“ денес стартуваше, а бесплатна обука пред заинтересираните граѓани држеше прим.д-р Славица Ортаковска. Предавањата и практичната обука се одржуваат во просториите на авто-школа „Прима“ во Гевгелија, во непосредна близина на општинскиот Црвен крст.
Покрај јулската, летово ќе бидат одржани уште две бесплатни обуки за прва помош, на 15 август и на 10 септември, во периодот од 11 до 13 часот. Обуките се поттикнати од големиот број граѓани кои се учесници во сообраќајот, но неправилно укажуваат прва помош во случај на сообраќајна несреќа, а тоа доведува до смртни последици или компликации на повредите.