Велосипедско дефиле
Со велосипедското дефиле што се одржа во неделата низ главните
сообраќајници во Гевгелија, во кое учествуваа деца и граѓани од различна возраст, во Општина Гевгелија заврши одбележувањето на традиционалната „Европска недела на мобилност 2019“. Дефилето што тргна од паркингот пред Основниот дус во Гевгелија беше во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Учесниците на дефилето, претежно од помладата популација добија пригодна маичка со мотото на акцијата „Пешачи со нас“.
Велосипедистите се движеа по улиците во центарот на градот, и испратија порака за придобивките од користењето алтернативни видови транспорт. Со користењето алтернативни начини на превоз се наналува сообраќајниот метеж, исто така, и проблемите за животна средина.