„Зајдисонца“ на Динќут
Втората по ред групна изложба на фотографии
- ЗАЈДИСОНЦА., овој пат одржана во прекрасниот амбиент на „Динќут“, привлече голем број гевгеличани. Реновираното гевгелиско излетиште, покрај рекреативната предност, очигледно може да се користи и за други намени. Фотографите Димитар Новаков, Петар Пубреклиев, Гоце Тасевски, Димитар Мијов, Стефани Брламова, Милчо Јовановски, Мартин Стојанов, Петар Арџанлиев, Наташа Величковски и Панче Митров не случајно го одбраа Динќут, да ја презентираат најновата своја колекција на фотографии работена на тема „Зајдисонца“.
Невообичаена, но, многу интересна изложба, која покажа дека предностите на Динќут се многустрани, особено, за младите креативци кои сакаат да ги афирмираат природните убавини на своето поднебје.