Гостува МНТ со „Кец на десетка“
Во пресрет на Денот на ослободувањето на Гевгелија во
Народниот театар ќе гостува ансамблот на МНТ со најновата комедија „Кец на десетка“ од Митко Бојаџиски. Станува збор за претстава во „колективна“ режија на Драган Спасов Дац, Јордан Симонов и други, во која настапуваат актерите Александар Микиќ, Тања Кочовска, Нина Деан и Ивица Димитријевиќ.
Токму тие и ја исполнуваат насловната тема работена според музиката на легендарните Yazoo и нивната „Only You“, за која текстот, адаптација и аранжманот ги направил Александар Митевски, а продуценти се Александар Митевски и Бобан Василески, кој ги свири и гитарите. Армоника свири Војче Петрушев, на кларинет е Зоран Крагуевски. Фотографиите и видеото ги потпишува Драган Гајиќ, додека монтажата е на Бобан Стоименовски.
Претставата на 6 ноември 2019, во среда, започнува во 20 часот, а влезот е бесплатен.