„Катарзична исповед на Мирјана Крстева Массетти
Вечерва во уметничката галерија „Амам“ во Гевгелија,
во организација на Домот на културата од Гевгелија, ќе биде отворена самостојната изложба на дела на авторката Мирјана Крстева Массети, ликовен уметник од Гевгелија. Изложбата, која е насловена „Катарзична исповед“ е во рамките на празнувањето на општинскиот празник 7 Ноември, и ќе биде нејзино прво самостојно претставување пред своите гевгеличани по речиси една деценија.
-Катарзична исповед преку форма и текстура, е моето патување низ необјатните станици на Универзумот. Истражување на толкувачки секвенци, не за објаснување на стварноста, туку обид да креирам една.
Тематски, персоналната пурификација, катарзата е третирана од религиски и од аспект на психоанализа. Сопствената драма полна со противречности претопена во форма, текстура и пигмент загатливо, но искрено рефлектира за битката сам со себе, кон катарзата, вели авторката на оваа интересна изложба.
Мирјана Крстева Массетти, родена е 1979 година во Скопје, дипломирала на Академијата за ликовна уметност во Благоевград, Бугарија, во класата на проф.Борислав Стоев ,2001 година. Основач и член е на Мултимедиа Центар од Гевгелија и член на Друштвото на ликовни уметници на Гевгелија, а исто такае член на ДЛУБ и на ДЛУМ од 2010 година. Mагистерски студии завршила на ФЛУ- сликарство, во класата на проф. Благоја Маневски, во 2018 година.
Таа е автор на 27 самостојни изложби од кои посебно значајни се претставувањата во Париз и Њујорк. Исто така, учествувала и на повеќе од 90 групни претставувања во земјата и странство. Добитник е на Втора награда на конкурс за литографии во Благоевград,Бугарија, посебна награда од Светска галерија на цртежОстен, награда на КИЦ за ,,Мал формат, на изложбата на ДЛУМ, доделена од фондацијата Мазев,а прогласена е за Остенов уметник на годината- 2013 и 2015