Концерт на камерниот оркестар од Велес
Во рамки на одбележувањето на 7-ми Ноември,
Денот на ослободувањето на Гевгелија, во Народниот тетар во Гевгелија настапи Градскиот гудачки камерен оркестар Ангел Шурев од Велес. Пред гевгеличани, тие се претставија со интересна програма со која ги воодушевија гевгеличани кои ја исполнија големата сала на Народниот театар. Публиката имаше можност да ја проследи изведбата на Концертот за четири пијана и оркестар во А мол од Бах, кој овој квартет за прв пат се изведува во историјата на македонската музичка сцена. Покрај ова исклучително дело, публиката со аплауз реагираше и на другите изведби, а особено на двете песни од Стефан Гајдов, „Ајде слушај, слушај“ и „Момиче мало, ѓаволо“, со мецосопранот Веселинка Маџарова.
Оркестарот го сочинуваат 16 членови – професори по пијано, кларинет, виолина и виолончело и талентирани студенти на Музичката академија, средношколци и основци, под диригентската палка на професорот по пијано Илија Настовски од ОМУ „Стефан Гајдов“, кој учел и диригирање кај познатите диригенти Јануш Пшибилски од Полска и Алгис Заборав од Литванија.