Отворен фестивалот на храна и вино
Во Гевгелија вчера беше отворен Фестивалот на локална храна и вино
„Гевгелија 2019“. Фестивалот го организира општина Гевгелија, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија. На десеттина штандови на шеталиштето во центарот на Гевгелија, производителите на храна и вино, како и преработувачите на земјоделските производи и пчеларите од општина Гевгелија, ги изложија своите производи, овозможувајќи им на посетителите да ги дегустираат и да ги купат.
На отворањето на фестивалот настапија децата од детските градинки во Гевгелија. Потоа, на посебно поставената бина настапија фолклорни ансамбли и културно-уметнички друштва од општина Гевгелија, пеачи, танчерски групи, театарска група „Дон Кихот“, ученици од општинските основни училишта и градинките. Граѓаните и гостите на Гевгелија имаа можност да ги проследат преработките од зеленчук и овошје на гевгелиските производители, вината на винариите, лебопекарските производи на локалните лебопекари и мед и производи од мед од здруженијата на шчелари. , кои преку песни, игри и ликовни работилници ќе го афирмираат локалното творештво. Но, и да уживаат во настапите на гевгелиските помлади и постари културни групи и поединци.