Гевгелиска премиера на филмот „Врба“
По светската премиера на филмскиот фестивал во
Рим и македонската премиера во, филмот „Врба“ , со Милчо Манчевски пристигнува во Гевгелија, Филмот на 9 ноември 2019 година (сабота), со почеток во 19 часот ќе биде прикажан во Народниот театар во Гевгелија. Поради големиот интерес за филмот, во Домот на културата во Гевгелија соопштија дека филмот ќе биуде прикажан и во недела, на 10 ноември 2019 година.
Во ова најново остварување на на најмпознатиот македонски режисер настапуваат Петар Мирчевски, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Никола Ристески Ненад Нацев, Камка Тоциновски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Пери. Директор на фотографија е Унгарецот Тамаш Добош, дизајнер на продукција е долгогодишниот соработник на Манчевски, Британецот Дејвид Манс.