Да ги заштитиме шумите од пожари
Општинскиот противпожарен сојуз во Гевгелија покрена акција за заштита на шумите од пожари.
Во апелот упатен до граѓаните се укажува на превентивните мерки, кои треба да се применуваат и да се почитуваат кога се престојува во шумите. Но, и воопшто на сите други места, бидејќи предизвиканиот пожар најбрзо се шири кон шумските предели.
Противпожарниот сојуз посебно предупредува да не се пали отворен оган во шума, да не се палат стрништа, да не се спалува непотребна вегетација во близина на шумата, да се изгасне целосно огништето, да се отстранува запаливата вегетација покрај јавните сообраќајници, да не се дозволува на децата да си играат со запалки, пламен и жар.
Истовремено, ги потсетува граѓаните дека пожарот се пријавува на телефонот број 193 на дежурната служба во ТППЕ-Гевгелија. Акцијата на Општинскиот противпожарен сојуз во Гевгелија за превентивна едукација во пресрет на летните месеци и опасноста од пожари е подржана од општина Гевгелија.