ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ 84 БРОЈ НА „ГЕВГЕЛИСКИ МАГАЗИН“
Излезе од печат августовското, 84 издание на весникот „Гевгелиски магазин“ што го издава општина Гевгелија.
Овој пат доминантна тема во магазинот е почетокот на изградбата на Конска брана, од причина што станува збор за најголема инвестиција во изминатите пет децении. Всушност и тематски целиот број е посветен на економско-еколошко одржливиот развој на општина Гевгелија.
Доминираат и информациите за летните инфраструктурни акции во општината, како и текот и реализацијата на започнатите проекти. Во последниот број на „Гевгелиски магазин“ во рубриката Интервју гостува Гоце Тасевски, екологист, фотограф и вљубеник во природата. Исто така, се поместени и информации од богатиот културен живот во општината, за активностите на младите и за тековните активности во општината. Интересно е видувањето на другите автори и истражувачи од земјата за Гевгелија и за нејзините развојни предизвици, кои се пренесени на две страници.