Гевгелија во новогодишно руво
По традиција, Гевгелија на Свети Никола,
осамна во новогодишно руво. На влезот во Гевгелија, како и во центарот на градот веќе се поставени се поставени десетметарски новогодишни елки. Шеталиштето блеска со светлечкото небо, а дрвјата и грмушките околу Народниот театар се осветлени.
Во пресрет на новогодишните и божикните празници поставени се 80 светлечки фигури, топки и солзи долж булеварот „Гевгелија“, од кај бензинската пумпа „Шимов“ до кружниот тек, 40 светлечки фигури на улицата „7 Ноември“, светлосни декоративни елементи на улиците „Димитар Влахов“,„Слободан Митров Данко“, „Радован Ковачевиќ“ и градското шеталиште.
За новогодишниот излед на градот годинава од општинскиот буџет беа издвоени 900.000 денари. За новогодишното украсување беше задолжена компанијата Линк Медиа плус од Скопје, која на распишаниот јавен повик имаше најповолна понуда.