Поднесувања на барања за пруклучување на водоводната и канализациона мрежа во изградба во Караорман
Во тек е изградбата на водоводна мрежа на сервисните
улици „Галилео Галилеј”, „Апостол Петков” и „Павел Шатев”, во станбената населба Караорман во Гевгелија. Веднаш потоа, како што беше најавено, ќе биде изградена и канализациона мрежа во оваа станбена населба. Со тоа целосно ќе биде обезбедена комуналната инфраструктура за веке изградените или за станбените објекти што допрва ќе се градат.
За целосно профункционирање на водоводната и канализационата мрежа потребно е сите сопственици на градежни парцели или на станбени објекти на овие улици во населбата Караорман да поднесат барања за приклучок. Барањата за приклучок на водоводната и канализационата мрежа се поднесуваат до ЈПКД„Комуналец“ во Гевгелија, кое по инсталирањето на линиите за вода и канализација ќе пристапи кон приклучување на корисниците. Оттука и потребата за навремено регулирање на постапката за приклучување кон новоизградените комунални системи во Караорман.