Василија Камчева првото новороденче во општина Гевгелија во 2020 година
Првото новороденче во 2020 година во општина Гевгелија е Василија Камчева од Моин.
Имено, младата брачна двојка Драгица и Перо Камчеви добија ќерка на 1 јануари годинава. Среќната мајка се породила на 1 јануари 2020 година во 17.40 часот во Општата болница во Струмица и родила женско дете со тежина од 3150 грама и 51 сантиметар должина.
Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков денес ги посети среќните родители Драгица и Перо Камчеви во нивниот дом во Моин и притоа на новородената Василија и подари чек од 10.000 денари. Исто така, на новороденчето му подари пакет со бебешка козметика и храна. Инаку, ова е второ дете на Драгица и Перо Камчеви, а првиот син Душан, исто така, беше првото новородено дете во 2017 година.
Општина Гевгелија, покрај наградата за првото новородено дете во годината, на сите новороденчиња им исплаќа ваучери. Така, минатата година биле исплатени 194 ваучери за секое новородено бебе, како и за третото родено дете. За секое новородено бебе се исплаќаат по 6.000 денари, додека за третородено дете се исплаќаат по 12.000 денари.