Нова хируршка сала во општата болница во Гевгелија
Во Општата болница во Гевгелија во тек е
изградбата на нова хирушка сала и адаптација на простор за дијабетис центар. Изведбените работи се дел од проектот „Заеднички активности за заштита и подобрување на здравјето на луѓето во прекуграничната област“ (IpA SHIELD II ), кој се импменетира со финансиска поддршка од ИПА-ППС со Грција. Македонски партнери на овој проект се ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Гевгелија и Здравен дом-Валандово, додека Фондацијата за локален развој и ИТ од Гевгелија дава техничка и стручна помош на два партнери,
Во рамки на проектот во Гевгелиската болница веќе е извршена набавка на апарат за ултразвук - Доплер. Во текот на оваа година завршени се тендерските поставки за набавка на оперативна табла, хируршко светло, инструменти и апарат за анестезија. Покрај ова предвидена е и набавка на терaпевтски ултразвук и инфрацрвена светилка, како и набавка на опрема за лапароскопска хирургија.