Водици 2020: Пријавување на кандидати за пливање по крстот во Вардар
Христијанскиот празник Богојавление - Водици и
годинава ќе биде одбележан во Гевгелија со извлекување на крстот од водите во реката Вардар. Во организација на гевгелиското архиерејско намесништво, по 27-ми пат, ќе се одржи традиционалното пливање по чесниот крст. Крстот ќе биде фрлен, по литургијата, од мостот на реката Вардар, кај мотелот „Вардар“. Сите заинтересирани граѓани за учество на манифестацијата “Водици 2020”, треба да се пријават, од 15 до до 18 јануари, во просториите на црквата “Свети Кирил и Методиј” или во манастирот “Свети Спас” во Гевгелија.
Од гевгелиското архиерејско намесништво велат дека за сите пријавени кандидати на денот на Богојавленското пливање по чесниот крст ќе биде организиран бесплатен лекарски преглед од страна на екипи од Општата болница во Гевгелија.Чинот на потопувањето на светиот крст во водите на осветениот македонски Јордан, реката Вардар, ќе се одржи во недела, на 19-ти јануари, со почеток во 12 часот. Општина Гевгелија и годинава како и минатите, ќе го помогне организирањето на настанот и ќе го дарува среќниот носител на светиот крст.