Се уредуваат тротоарите на Миле Пецанов
Започна уредувањето на тротоарите на улицата Миле Пецанов во Гевгелија, со што ќе биде извршена целосна реконструкција на оваа значајна сообраќајница која води до Градскиот пазар.
Изведбените работи започнаа со инсталирање на систем „капка по капка“, бидејќи според проектот на тротоарот ќе биде засаден и дрворед. Веднаш потоа ќе следи и поставувањето на бекатон плочки од двете страни на улицата Миле Пецанов. Станува збор за околу 1000 метри квадратни кои ќе бидат поплочени со бекатон со што оваа улица ќе добие уредени и широки тротоари.
-Започнавме од уредувањето на тротоарите на оваа улица , бидејќи по отворањето на новиот Градски пазар оваа е една од најпрометните улици, особено во пазарните денови. Затоа и сметавме дека треба да се создадат услови за непречено движерње на минувачите и опдвивање на сообраќајот. Со акцијата за уредување на тротоарите ќе продолжиме и на другите прометни сообраќајници, така што во план е и реконструкцијата на тротоарите на булеварот Гевгелија, од влезот кај надвозникот, па, се до кружниот тек, вели градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков.