Еколошка акција на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија
Вработените во секторот Комунална хигиена на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија спроведоа
еколошка акција за чистење на површините околу Рекреативниот центар кај бившата Касарна во Гевгелија.Оваа акција е една од многуте организирани и реализирани акции за отстранување на ѓубриштето, кои беа веќе организирани на Вардарски Рид, Смрдлива вода, Пионерскиот дом. Исто така, еко акции беа организирани за чистење на коритото на Сува Река, на депонијата кај Богородица и неколку мини депонии во градот, како и акциите за подигање на кабаст отпад (мебел, бела техника, сезонски органски отпад).
Преку овие акции, ЈПКД „Комуналец“ апелира до сите граѓани на општина Гевгелија и населените места да се однесуваат совесно и да не го фрлаат отпадот на јавни површини. ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија продолжува со овие акции сѐ со цел Гевгелија и населените места да бидат чиста и здрава средина за живеење. Јавното комунално претпријатие, покрај ова, е достапно и на располагање на граѓаните за бесплатно подигање на отпад по претходно известување.