Во Гевгелија ќе бидат поставени автоматски мониторинг станици за мерење на квалитетот на воздухот
Во Гевгелија ќе биде поставена нова автоматска
мониторинг-станица со средства од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција во текот на 2020 година. Во Министерството за животна средина и просторно планирање, кое е вклучено во реализација на проектот, информираат дека е подготвена техничка спецификација за набавка на мерните инструменти и во тек се подготвителни активности за објава на целосната тендерска документација според соодветните правила на програмата за оваа набавка.
Покрај оваа мониторинг станица, која ќе биде поставена со доделените средства од ИПА-ППС со Грција, во Гевгелија наскоро ќе биде поставена уште една мониторинг станица. Имено, општина Гевгелија аплицираше на објавениот јавен повик од Владата на РСМ за за набавка на мониторинг станица, Имено, согласно Програмата за заштита оа аерозагадување во 2020 година беше овозможено општините кои немаат вакви мониторинг станици, без разлика дали се загрозени од аерозгадаувањето, да аплицираат.