Со 9 милиони денари ќе бидат поддржани спортските активности и манифестации
Општина Гевгелија со 9.000.000 денари ќе ги подржува
годинава спортските активности и манифестации. Советот на Општина Гевгелија на последната седница ја усвои Програмата за финансирање на спортските активности за 2020 година. Оваа година од општинскиот буџет 32 спорстки програми и проекти за кои аплицираа повеќе спортски клубови, здруженија на граѓани, спортисти од областа на фудбалот, кошарката, ракометот, тенисот, планинарството, атлетиката, гимнастиката, параглајдерство и карате.
Општински средства ќе бидат издвоени за меѓународни, регионални и општински натпревари, првенства кои се традиционални и траен белег за општина Гевгелија.Донесената Програма со спортските активности за 2020 година ветува развој во спортот во општината и побогат спортски живот во кој сѐ повеќе и повеќе активно се вклучуваат младите и надежни таленти без разлика на нивната професионална или рекреативна, аматерска ориентација.