Организиран дотур на стока
Општина Гевгелија воведува организиран дотур на стока во во градот,
со цел да се надминат сегашните застои и пороблеми при истоварот на стока, особено, пред супермаркетиите во централното градско подрачје. За таа цел, Советот на Општина Гевгелија на последната Седница донесе Одлука со која се дефинираат условите за доставување (истоварање/ товарање) на стока од моторните возила на јавните површини, начинот и времето на вршење на истоварање и товарање на стоката, како и органите кои го одобруваат времето на движење, запирање и паркирање на возилата за истоварање и товарање на стока и надзор над спроведувањето на одредбите од оваа одлука.
Зоната во централно градско подрачје е подрачје на кое е забрането запирање и паркирање освен запирање и паркирање на возилата заради доставување (истоварање и товарање) на стока. Додека зоната вон централно градско подрачје ги опфаќа сите улици надвор од потесното (централно) градско подрачје, на кое е забрането запирање и паркирање освен за запирање и паркирање на моторни возила со одобрение за доставување на стока. Возилата за доставување на стока на подрачјето на Општина Гевгелија може да запираат и паркираат додека трае процесот на истоварање и товарање, но не подолго од 30 минути.
Во зоната на централното градско подрачје возилата за доставување на стока можат да вршат запирање и паркирање заради доставување на стока секој ден во временскиот период од 23:00-10:00 часот. Во зоната вонцентрално градско подрачје возилата за доставување на стока можат да вршат запирање и паркирање заради во временскиот период од 23:00-10:00 часот и 16:00-19:00 часот. Максималната дозволена вкупна маса на возилата кои вршат доставување на стока на подрачјето на доставување на стока секој ден Општина Гевгелија во сите зони изнесува 12 тони.
Доставувањето на стока може да се реализира доколку со тоа не се загрози безбедноста на сообраќајот на пешаците и возилата, а одговорноста е на товар на лицето кое поднело барање за одобрување на доставувањето на стока. Стоката не смее да биде оставена на тротоар или на друга сообраќајна површина додека трае истоварање и товарање на истата. По завршувањето на истоварање и товарање возилото треба веднаш да се отстрани од јавната површина. Истоварање и товарање на стока од моторно возила се врши по правило на коловоз со вклучување на сите покажувачи на правци за движење.
Општина Гевгелија издава одобрение за движење, запирање и паркирање на возила поради истоварање и товарање на стока на подрачјето на општината на барање на правни односно физички лица. И тоа, со рок согласно поднесеното барање, но не подолго од 1 (една) година. За добивање на одобрение правните и физичките лица поднесуваат барање до архивата на Општина Гевгелија. Спроведувањето на оваа одлука ја врши Секторот за урбанизам, заштита на животната средина, комунални дејности, сообраќај патишта, локален економски развој и информатичка технологија и Одделението за инспекциски надзор. Одлуката ќе се применува од 1 мај 2020 година.