Општински буџет од 3 милиони денари за Програмата Социјална заштита
На последната Седница, Советот на Општина Гевгелија ја усвои Програмата за активностите
во областа на социјалната зашита за 2020 година. Активностите предвидени со оваа Програма ќе се реализираат со средства предвидени во Општинскиот буџет во вкупен износ од 3.000.000 денари.
Програмата предвидува цели и приоритети кои ќе бидат одржлив систем на социјална заштита со ефикасни и квалитетни мерки и услуги според потребите на корисниците како: остварување на социјална заштита на лица кои употребуваат, односно злоупотребуваат дроги и други психотропни супстанции, жртви на семејно насилство и трговија со луѓе; помош за новородено дете, лица изложени на социјален ризик и семејства погодени од елементарни непогоди и унапредување на социјална заштита и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните.
Еднократната парична помош за физички лица и парична помош на новородено дете, субвенционирање на престојот на деца во Јавните општински градинки, субвенционирање на потрошувачката на вода за пиење, доделување стипендии на ученици и имплементација на проекти на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување се само дел од многуте активности предвидени во приоритетните цели.